Неименуван купувач платил скоро 650.000 долари за мегајахта наречена The Metaflower Super Mega Yacht што постои само во метаверзумот, објави Фајненшл пост.
Продажбата на јахтата што постои само во виртуелната игра The Sandbox, во криптовалутата етериум ја извршија метаверзумот и девелоперот на НФТ-токени Republic Realm.
Купувачот плати 149 ETH, што ја прави најскапото НФТ-средство на платформата. Виртуелната јахта наликува како коцкестите фигури карактеристични за играта Мајнкрафт. Има четири ката со големи дневни соби, џакузи када, подиум за танцување, кабина за диџеи и два хелиодроми (непостоечки хеликоптери се продаваат посебно).
Јахтата е дел од линијата на луксузни понуди на Republic Realmove The Fantasy Collection развиена за платформата The Sandbox, која вклучува глисери и приватни острови заедно со марини и клубови на плажа.
Според Фајненшл пост, продажбата на предмети со големи вредности во виртуелните светови стана вистински феномен. Во ноември, парцела дигитално земјиште во виртуелниот свет Децентраленд се продаде за 2,43 милиони американски долари и уште една за 2,3 милиони американски долари во Axie Infinity.
Futurism пишува дека, иако е апсурдно да се фрлаат толку многу пари на јахта во која никогаш не можете физички да уживате, има некои предности. Бидејќи сè е дигитално, нема трошоци за одржување на јахтата. Плус, ако имате доволно пари да потрошите повеќе од половина милион на NFT, тоа е веројатно прилично незначителна сума за вас во секој случај.
„НФТ“ е незаменлив токен (Non-fungible Token). „Незаменлив“ повеќе или помалку значи дека е единствен и не може да се замени со нешто друго. На пример, биткоинот е заменлив – ако замените еден биткоин со друг, ќе го имате истото.