Делчево: Промовиран првиот уличен продавач на месечникот „Лице в лице“

Делчево: Промовиран првиот уличен продавач на месечникот „Лице в лице“

Низ улиците во центарот на Делчево, денеска по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, а во рамките на манифестацијата „Денови на хуманоста“ беше промовиран првиот уличен продавач на весникот  „Лице в лице“ –месечник кој го промовира моделот на социјално претприемништво.

Далибор Станковски е уличниот продавач на весникот. Тој е познато лице во количка од делчевската чаршија и за него е ова прво вработување и прва шанса за остварување сопствен приход.

Првиот примерок од весникот го купи градоначалникот Горан Трајковски кој му посака успешна работа, но и ги повика сите институции и поединци да дадат поддршка на Далибор.

– Далибор ќе биде првиот продавач во Источна Македонија на уличното списание „Лице в лице“ кое претставува социјално претпријатие за работна интеграција. Ова е одличен пример за потткнување инклузија и има двојна улога – ги засилува ранливите сограѓани, но, и ја подигнува јавната свест за прашања што нѐ засегаат сите нас. Му посакуваме успешен почеток како  продавач и најавувам дека Општина Делчево ќе биде редовен купувач на ова списание, но и на  убаво изработените новогодишни честитки. Апелирам, овој пример на Општината да го следат и другите институции во Делчево, бидејќи само така, даваме конкретен придонес и поддршка на продавачите за градење вештини за нивно вклучување на пазарот на трудот, истакна градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.

Иницијатор на активноста е Здружението „Бравура кооператива“ од Делчево од каде потенцираат дека „Лице в лице“ е моќна тетратка каде сите заедно ќе пишуваме и оставаме своја трага да влијаеме кон позитивни промени – за изедначување на можностите и за креирање на општество по мерка за сите.

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …