Влада: Обврска за производителите на леб да го произведуваат белиот и полубелиот леб, а трговците да го прибавуваат и продаваат

Владата, на синоќешната седница, донесе Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед, базирана на законски основи.

Со одлуката, се определува обврска на трговците кои претставуваат правни и физички лица, кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон, како и трговците кои претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење на производство, кои своите производи ги продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи, да прибавуваат и/или да продаваат леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел).

Трговците кои претставуваат правни и физички лица, кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон, согласно владината одлука, имаат обврска во структурата на дневната набавка на сите видови леб, да прибавуваат и да продаваат најмалку 80 проценти од белиот и полубелиот леб (сечен на парчиња или цел).

Трговците кои претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење производство, кои своите производи ги продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи, имаат обврска да го произведуваат и да го ставаат во промет белиот или полубелиот леб (сечен на парчиња или цел), во количина од најмалку 80 проценти од производството на овој леб во месец декември, 2022 година.

Трговците посочени во оваа одлука, за испорачаните видови леб посочени во оваа одлука, на производителот на лебот, треба да му платат најдоцна во рок од 20 дена од денот на приемот на фактурата за испорачаниот леб.

Одлуката е на сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а е предвидено да се применува до 31 мај 2023 година.

Во образложението на одлуката, којашто ја предложи Министерството за економија, е наведено дека според членот 29 став 1 алинеја 2 и 3 од Законот за трговија, Владата може привремено да го ограничи вршењето на трговијата, во случај на сериозни пореметувања на домашниот пазар поради недостаток на стоки неопходно потребни за производството, преработката и за животот и здравјето на граѓаните и нарушување на домашниот пазар заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки.

Имајќи го предвид наведеното, според членот 30 став 1 алинеја 6 од Законот за трговија, Владата може да определи обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед.

Врз основа на податоци од извршен инспекциски надзор од Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија соопшти дека се утврди сериозни пореметувања на домашниот  пазар во градовите Скопје и Тетово, поради недостаток на леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел), за коишто Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, којашто стапи на сила на 28 февруари 2023 година.

Прочитајте повеќе

Средба Битиќи – Смит: Обединетото Кралство и Северна Македонија имаат одлични економски односи и голем потенцијал за развој

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи …