Влада: Одобрен Урбанистички проект за изградба на автопатот Прилеп – Битола, продолжува реализацијата на проектот „Брз автобуски превоз во град Скопје“

Влада: Одобрен Урбанистички проект за изградба на автопатот Прилеп – Битола, продолжува реализацијата на проектот „Брз автобуски превоз во град Скопје“

На вчерашната седница, Владата ја разгледа и усвои Информација за одобрување Урбанистички проект за градби од стратешки интерес за изградба на патен Коридор 10д, делница на автопат: Прилеп – Битола и донесе Одлука за одобрување на овој Урбанистички проект.

Предмет проектот во оваа фаза, според предлагачот, Министерството за транспорт и врски, е дел од трасата на автопатот Прилеп – Битола во должина од 29 км, а вкупната должина на Делницата на автопат: Прилеп – Битола е околу 40 км. Останатиот дел од трасата ќе биде предмет на дополнителни урбанистички проекти.

Владата, на предлог на Министерството за транспорт и врски, ја разгледа и усвои Информацијата во врска со продолжување на постапката за реализација на проектот „Воведување брз автобуски превоз во град Скопје“, со Предлог договор за имплементација и даде поддршка проектот да продолжи да се реализира.

Според Информацијата од ресорното министерство, во текот на месец септември, од Град Скопје е соопштено дека се планира продолжување на проектот, за којшто на 21 април 2021 година Град Скопје и ЕБОР случија Проектен договор за реализација на проектот „Воведување брз автобуски превоз во град Скопје“.

Предлог Договорот за имплементација на проектот согласно Проектниот договор, треба да го склучат Министерството за финансии, Министерството за транспорт и врски и Град Скопје.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче: Верувам дека ниеден наш член не сака да ја види СДСМ на колена, а ВМРО-ДПМНЕ разулавена и без контрола

„Јас знам дека сите оние кои се незадоволни сакаат да испратат порака. Но, силно верувам …