Влада: Продолжува да расте просечната месечна нето плата

Влада: Продолжува да расте просечната месечна нето плата

Согласно податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2021 година изнесува 28.642 денари.

Тоа значи зголемување од 4% во однос на истиот месец минатата година, поточно за 1.107 денари. Зголемување на просечната нето плата е регистрирано и во однос на месец јули годинава, кога платата изнесувала 28.540 денари.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15.1 %), уметност, забава и рекреација (14.2 %) и други услужни дејности (13.5 %).

Согласно статистика, највисока просечна нето плата е регистрирана во секторот информации и комуникации, потоа следат финансиски дејност и дејности на осигурување.

Податоците на Државниот завод за статистика го потврдуваат трендот на раст на платите кој е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата.

Доколку последниот податок го споредиме со август 2017 година кога просечната плата била 22.912 денари, разликата е 5.730 денари.

Посветени сме на реализација на стапките на економски раст од 4-5% и покачување на платите за 20 % до 30 % сѐ со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …