Влада: ВМРО-ДПМНЕ не ја кажува вистината, рестораните во државните институции не работат, она што нема да се реализира нема ни да се плати

Влада: ВМРО-ДПМНЕ не ја кажува вистината, рестораните во државните институции не работат, она што нема да се реализира нема ни да се плати

Соопштение од Владата на Република Северна Македонија:

Владата на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека на прес- конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ беа изнесени селективни и тенденциозни информации со цел да создаде лажна слика за расходите на државните институции.

Во име на навремено и точно информирање, ги известуваме граѓаните дека набавките на производи за угостителски услуги се редовни, планирани и се спроведуваат секоја година, целосно транспарентно и согласно сите процедури за јавни набавки.

Плаќањето на набавените количини е сукцесивно, односно тоа што нема да се потроши не се плаќа, а количините кои се набавуваат се предвидени и пресметани исклучиво согласно калкулациите и потрошувачката во изминатите години.

Владата очекува дека потрошените и наплатени количини на производи за храна оваа година ќе бидат значително помали од претходните, особено ако се знае дека рестораните за време на здравствената криза не работеа и сè уште не се во функција, а во 2020 година значително е намален обемот на посети од странски делегации.

Со набавките на основни и специфички прехранбени услуги се опслужуваат Владата, Собранието и Претседателот, а реални корисници се сите државни институции и сите корисници на услугите на рестораните на Владата, Собранието, Претседателот, Клубот на пратеници, вклучително и сите странски претставници на бројните делегации кои доаѓаат во официјални и работни посети на нашата земја.

Рестораните воедно остваруваат и приход преку овие услуги, со оглед на тоа што тие имаат можност да наплатат на вработените во горенаведените институции.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ добро знае дека Владата мора да се подготвува за периодот кога институциите ќе продолжат редовно да функционираат и да примаат делегации од земјите и партнерите на Северна Македонија од целиот свет.

Владата ќе продолжи со транспарентно и домаќинско однесување. За разлика од пред три години, сега секој денар на граѓаните е ставен на јавен увид, а службените трошоци на функционерите се намалени за повеќе од двојно во споредба со годините на претходната влада.

Прочитајте повеќе

Пендаровски и Џафери со честитки

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, …