Влада

Владата денеска ја одржува редовната 65 седница

Владата на Република Северна Македонија денеска со почеток во 12:00 часот ќе одржи редовна седница, со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На 65 седница, според предложениот дневен ред, министрите, на предлог на Министерството за образование и наука ќе го разгледуваат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработниците во основните и средните училишта и Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование.

На седницата на Владата, која ќе се одржи преку видеоконференциска врска, ќе се разгледува и Информацијата за реализација на проектот за изградба на Интерконективен гасовод меѓу Република Северна Македонија и Република Грција, поднесена од Акционерско друштво за вршење на енергетски дејности „Национални енергетски ресурси“- Скопје во државна сопственост.

Прочитајте повеќе

Мијалков

Нов обид за продажба на становите на Мијалков, година без конфискуван имот од крупни предмети

Агенцијата за управување со одземен имот во повторена постапка ќе се обиде да продаде дел …