Владата денеска ќе ја одржи редовната 13-та седница

Владата денеска ќе ја одржи редовната 13-та седница

Владата денеска ќе ја одржи редовната 13-та седница, со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На оваа седница Владата ќе ја разгледа информацијата за учеството на Република Северна Македонија во Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија во периодот 1 јули – 31 декември 2019 година.

На предлог на Министерството за одбрана, министрите во Владата ќе се произнесат по информацијата за ажурирана Нацрт стратегија за одбрана на Република Северна Македонија.

На денешната седница е точката со информација со анализа за примената на Законот за правда за децата, што ќе ја презентира Министерството за правда, како и информацијата за потребите на Министерството за животна средина и просторно планирање во однос на мониторинг на водите во Република Северна Македонија.

На предлог на Акционерско друштво за производство на електрична енергија, „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), во државна сопственост, Владата денеска ќе донесе мислење за финансискиот план, за годишната инвестициска програма и за годишниот план за јавни набавки на АД ЕСМ за 2020 година.

На седницата ќе се разгледа и годишната програма за работа за 2020 година, како и информацијата за реализација на Проектот „Младинска картичка“ на Агенцијата за млади и спорт.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …