Владата донесе Одлука со којашто најголемиот дел од основните прехранбени производи се оданочуваат со најниска стапка на ДДВ

Владата донесе Одлука со којашто најголемиот дел од основните прехранбени производи се оданочуваат со најниска стапка на ДДВ

На денешната седница Владата донесе Одлука за изменување на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност.

Одлуката, предложена од Министерството за финансии, е во насока на допрецизирања околу примената на повластена стапка од 5% и за подршка на домашната економија и заштита на стандардот на граѓаните.

Согласно одлуката, со повластената стапка на ДДВ од 5% се даночат најголем дел од основните прехранбени производи. Меѓу нив се и производите како урдата, замрзнато тесто, бебешки каши и адаптирано млеко за доенчиња, одредени видови кашкавали како растителниот кашкавал, лутеница, хербални чаеви, бибер, црвен пипер, вафли и наполитанки, конзервирано цвекло, феферони, што со одлуката се прецизира дека се оданочуваат со повластената стапка на ДДВ од 5%.

На седницата е потенцирано дека целата човечка исхрана се оданочува со повластена стапка на ДДВ, а најголем дел од човечката исхрана се оданочува со најниска повластена стапка од 5%.

Денешната владина одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а е предвидено да се применува од 13 октомври 2023 година.

Прочитајте повеќе

Русија не ја уништи армијата на Украина

Русија не ја уништи армијата на Украина

Не е точно дека Русите ја уништиле украинската армија, таа уште ја брани територијата на …