Владата донесе одлуки за кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на државата

Владата донесе одлуки за кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на државата

Владата денеска ја одржа 74-тата седница, на која донесе одлуки за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје и во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Северна Македонија.
Првата Одлука се донесе заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.
Додека втората се донесе заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија.
Двете одлуки се донесени на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и ќе отпочне да се применуваат од 1 септември 2022 година.
Постоењето на кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија и на топлинската енергија ќе трае 30 дена од денот на отпочнувањето на примена на овие одлуки.
Со денот на отпочнувањето на примена на овие одлуки, Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија и за следење на состојбите со снабдување со топлинска енергија постојано ја следи, анализира и проценува состојба на пазарите на електрична и топлинска енергија и предлага мерки согласно уредбите кои ги регулираат критериумите и условите за прогласување на кризна состојба.

Прочитајте повеќе

PR UltiMATH - Натпревар по математика

Награда од 10.000 евра во кеш: Започнува најголемиот математички натпревар за средношколци UltiMATH

За средношколците што сакаат да се натпреваруваат и да ги поместуваат границите на своето знаење, …