Владата ги утврди предлог законски измени за зголемување на сумата на повратот од ДДВ и за продолжување на замрзнувањето на маржите за основните производи

Владата ги утврди предлог законски измени за зголемување на сумата на повратот од ДДВ и за продолжување на замрзнувањето на маржите за основните производи

На денешната седница Владата донесе одлука со која замрзнувањето на маржите при продажбата на одредени производи, продолжува да важи и по 31 декември, односно, како што е предвидено во новата одлука, до 30 април 2023 година.

Опфатот на мерката, како и досега, продолжува да се однесува на: белиот леб, белиот шеќер и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло), со 5% трговска маржа за трговците на големо (и производителите) и трговците на мало; како и за брашно од пченица – тип 400 и тип 500,  макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, јајца, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт со 10% трговска маржа за трговците на големо (и производителите) и трговците на мало.

Дополнително на тоа, Владата на Република Северна Македонија овозможи од 1 декември оваа година домашните производители на основните прехранбени производи да користат субвенционирана електрична енергија, сѐ додека трае кризната состојба во непречено снабдување со електрична енергија.

Целта е со субвенционирана електрична енергија кај домашните производители и регулирана трговска маржа, на пазарот да има и корегирани цени.

Владата, на денешната седница, го утврди и текстот на Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, предложен од Министерството за финансии.

Со предложените измени, се зголемува највисокиот дозволен износ којшто може да се врати на едно физичко лице за едно календарско тримесечје. Односно, се планира највисокиот износ којшто може едно лице да го оствари, како право на поврат на дел од данокот на додадена вредност, да се зголеми на 2.100 денари по квартал за едно физичко лице. Сега овој износ по лице и по квартал е до 1.800 денари.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …