Охридското Езеро, според предложеното од ресорното Министерство за животна средина и просторно планирање, се прогласува за споменик на природата заради геоморфолошките и хидролошките карактеристики, исклучителните природни вредности како дел од Светското природно наследство на УНЕСКО и еден од најважните рефугиум центри на биолошката разновидност во европски и светски рамки.
Со прогласување на Споменикот на природата – Охридско Езеро се овозможува:
- заштита и зачувување на природната состојба на Охридското Езеро преку заштита и зачувување на живеалиштата и видовите од национално и европско значење и заштита на другите природните вредности;
- спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на живеалиштата и екосистемите;
- создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност и
- одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на живеалиштата и видовите.