Влада: Бесплатна замена на возачките и сообраќајните дозволи

Влада: Бесплатна замена на возачките и сообраќајните дозволи

На последната седница, Владата донесе одлука со којашто се овозможува бесплатна замена на важечките возачки и сообраќајните дозволи за граѓаните на Република Северна Македонија. Во таа насока задолжено е Министерството за внатрешни работи да ги преземе соодветните правни акти, согласно што возачките и сообраќајните дозволи коишто треба предвремено да се заменат, ќе бидат без надомест.

Исто така, на седницата е задолжено и Министерството за надворешни работи, да ги преземе соодветните активности со коишто ќе се овозможи издавање без надомест на патните листови за сите државјани кои живеат надвор од Република Северна Македонија и имаат потреба да се вратат за да извадат патни исправи.

Дополнително МНР е задолжено да ги преземе потребните активности, таму каде што нема дипломатско-конзуларни претставништва, издавањето на патните листови да се олесни и доставата на патниот лист ќе може да биде извршена преку брза пошта.

Прочитајте повеќе

Што сака Трамп со партиската конвенција во Далас

Што сака Трамп со партиската конвенција во Далас

Претседателот на САД,  Доналд Трамп,  не е на гласачкото ливче за среднорочните избори на 3 ноември. …