Владата ја одржува редовната 21 седница

Владата ја одржува редовната 21 седница

Владата на Република Северна Македонија, денеска, со почеток во 12:30 часот, преку видеоконференциска интернет комуникација, ќе ја одржи редовната 21 седница.

На седницата, меѓу повеќето точки од својата програма за работа и од интерес за граѓаните, Владата на дневен ред за разгледување ги има предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи, како и повеќе предлог-закони предложени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На предлог на Министерството за финансии, Владата на дневен ред за разгледување ги има и Предлогот на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, како и Предлог – одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година (120.000.000 денари на Град Скопје), како неповратна финансиска помош за реконструкција на Универзална сала.

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …