Влада

Владата ја одржува редовната 52 седница

Владата денеска ќе ја одржи редовната 52 седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Според предложениот дневен ред, на денешната седница ќе се разгледуваат повеќе точки меѓу кои Информација за пристапување на Република Северна Македонија на Конвенцијата за елиминирање на насилството и вознемирувањето на полето на трудот, на предлог на Министерството за труд и социјална политика.

На денешната седница ќе се разгледува и Информацијата за усвојување на Национална стратегија за борба против измами и заштита на финансиските интереси на Европската Унија во Република Северна Македонија 2022-2025 година и Акциски план за спроведување 2022-2023.

Меѓу другото, пред министрите ќе се најде и Информација за Акцелераторот за одбранбени иновации за НАТО (Defence Innovation Accelerator for the North Atlantic – DIANA), изготвена од Министерството за надворешни работи.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …