Полска го расформира спорниот судски механизам

Полска го расформира спорниот судски механизам

Полскиот претседател Анджеј Дуда го потпиша законот со кој се укинува контроверзниот дисциплински механизам на Врховниот суд за судиите, што, според Европската унија, ја нарушува независноста на судството.
Европската комисија ја извести Полска дека треба да го укине тоа дисциплинско тело за да може да ги добие блокираните средства за реконструкција од околу 35 милијарди евра. „Дуда потпиша предлог-закон со кој се предвидува измена на законот за Врховниот суд“, беше објавено во порака на Твитер од кабинетот на претседателот. Долниот дом на полскиот парламент, кој е под контрола на владејачките конзервативци, минатата недела гласаше за укинување на тоа дисциплинско тело.

Претседателот Дуда одби ЕУ да одлучува за правдата во Полска

Сепак, опозицијата, како и групи судии и други критичари, велат дека текстот не одговара доволно на приговорите за политизацијата на судството. Европската унија и Варшава долго време се спорат околу независноста на судството и владеењето на правото во Полска.

ЕУ го одобри планот за закрепнување на Полска

Ова прашање доби важност во време кога ЕУ се обидува да го одржи единството против војната во Украина. Полска, која граничи со Украина, е во првите редови на напорите за солидарност на ЕУ. Планот за обнова на полската економија е блокиран повеќе од една година поради загриженоста на Европската комисија за независноста на судството во таа земја. Брисел го одобри планот за обнова на Полска дури овој месец.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Ќе ги оставиме Израелците да зборуваат за тоа. Ние не сме вклучени во нивниот процес …