Ерол Ризаов

Востанието на Мицкоски може да почне

Во прогласот до народот напишан по урнекот на Илинденското востание, Мицкоски како воскреснат Никола Карев повикува на ослободување на Македонија. Пишува: Ерол Ризаов

Голем вознес и наплив на силен патриотизам ме обли денес кога во поштенското сандаче го најдов срцепарателниот историски повик за кревање на востание и уривање на предавничката власт, потпишано лично од спасителот на Македонија –  Христијан Мицкоски.  Напишано по урнекот на Илинденското востание, Мицкоски како воскреснат Никола Карев повикува на  ослободување на Македонија.

Морници ме полазија кога прочитав: „Почитувани пријатели, драги браќа и сестри повикуваме на обединување, здружување на секоја индивидуа, машко и женско, христијани, муслимани, атеисти, Македонци, Албанци Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, ова е твоја битка за нашата Македонија, за твојата и за иднината на твоите деца. И кога каузата и влогот се големи, тоа значи дека нема да биде ниту брза, ниту лесна таа битка, но нашата цел е праведна и со сигурност можеме да кажеме дека ќе победиме заедно, силно за големи чекори напред, за иднината која е светла, напредна и која носи сигурност. Затоа ќе се излие таа енергија низ улиците, маалата, градовите и селата.

Почетокот на крајот вели дека тргнуваме во рушење на владата која е именител на сите наши колективни порази и неуспеси. Стануваме на нозе, еден до друг заедно, против владата затоа што премногу е! Протест за промени. Заедно, здружено одлучно, за нашата Македонија. Почеток на крајот, 18 јуни 2022 во 20 часот пред владата на Република Македонија.“

Недостасува само смрт или слобода 

Во Илинденскиот проглас на крајот недостасува само: Смрт, или слобода.

Во вдахновеното писмо до народот за кревање востание, на кое може да позавиди и претседателот на Украина, Зеленски што не ги ставил тие пламени патриотски зборови во неговите повици против рускиот окупатор, наброени се сите зла, предавства и несреќи на оваа непријателска и предавничка антидржавна власт која пет години ја уништува, ја ограбува, ја осиромашува, ја уништува Македонија. Како никој досега, во целата историја на Македонија, оваа нелегитимна и антидржавна власт ги обезвреднува сите најголеми успеси од Илинден 1903 до АСНОМ 1944 и до независноста 1991 година, кои се постигнати благодарение само на ВМРО и единствениот наследник на револуционерната организација, ВМРО ДПМНЕ.

Ова досега не го знаевме и не бевме го чуле ни за време на големиот реформатор Никола Груевски, но во прогласот е јасно кажано на кого треба да сме благодарни за историските заслуги што се уште имаме држава.

Извор: DW

Целиот текст ТУКА

Прочитајте повеќе

СДСМ лого

СДСМ: Во новиот мандат европски систем за правда и целосен ветинг во новиот мандат

Соопштение за јавност на СДСМ Клучна определба во новиот мандат на СДСМ е европски систем …