Влада

Владата ќе ја одржи редовната 117-та седница

Владата денеска ќе ја одржи редовната 117-та седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Владата ќе ја разгледа и ќе ја стави на усвојување и Националната стратегија за вработување 2021-2027 година, со вклучен Акциски план за вработување.

На дневниот ред на оваа седница, меѓу другото, е Информацијата за напредок во имплементацијата на Вториот проект за подобрување на општинските услуги заклучно со септември 2021 година.

На предлог на Министерството за надворешни работи, денеска пред министрите ќе се најде и Предлог-законот за ратификација на договорите меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Албанија за воспоставување на заеднички гранични премини, како и Предлог-законот за ратификација на Меморандумот за разбирање за олеснување на патниот транспорт на стоки во регионот на Организацијата за црноморска економска соработка.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …