Владата денеска ќе ја одржи редовната 138 седница

Владата денеска ќе ја одржи редовната 138 седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 138 седница, со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес за граѓаните.

На денешната седница на Владата ќе биде разгледана Информацијата за воспоставување нов електронски систем за процесот на стратешко планирање и за подготовка и следење на реализацијата на проекти, програми и исполнување на заклучоци од Владата и Информацијата за поврзаност на мултиплатформскиот систем за е-влада со системот за следење на трошоци, со план за имплементација и пуштање во продукција на системот за евидентирање и одобрување на трошоци, што ќе ги презентира Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија.

На предлог на Министерството за труд и социјална политика, на оваа седница Владата ќе биде информирана за ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година.

Владата денеска ќе се произнесе и по конечниот извештај на овластениот државен ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2017 година на ЈРП Македонска радиотелевизија.

На седницата Владата ќе го разгледа и ќе донесе мислење за Извештајот за реализација на Планот за имплементација на гаранција за млади.

Прочитајте повеќе

обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните …