Владата обезбеди финансиски средства за изработка на урбанистички планови за крушевските села

Владата обезбеди финансиски средства за изработка на урбанистички планови за крушевските села

Денеска во просториите на Владата на Република Северна Македонија, градоначалникот на Крушево Томе Христоски со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никола Бабовски ги потпиша договорите за финансиските средства за изработка на урбанистички планови за селата и патот до Крушевско езеро.

„Овие постапки се во тек, односно веќе се завршени јавните набавки и она што преостанува е почеток со работа на терен. Покрај ова работиме и на изградба на спомен обележјето на Тоше Проески, спортската сала, горната училишна зграда, резервоар за вода во с. Белушино, асфалтирање на локални патишта со селата Јакреново и Саждево, реконструкција на патот од Борино до Житоше, изградба на канализација во с. Норово и други проекти“, изјави Христоски по потпишувањето на договорите.

За урбанистички планови на селата ќе бидат потрошени околу 200.000 евра, додека за реконструкција на патот до Крушевско езеро, обезбедени се 11.981.547 денари.

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …