Значително подобрени условите за работа во двата објекта на ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп

Реализацијата на инфраструктурните проекти во ООУ „Блаже Конески“ започнати минатата година, со ист интензитет продолжија и во тековната 2019 година. Со помош на локалната самоуправа и градоначалникот Илија Јованоски кои, како што вели директорката на училиштето Каролина Николоска, имаат разбирање за
важноста на образовните институции, и за време на летниот распуст но и сега, во ООУ „Блаже Конески“ се работи на низа проекти чија цел е подобрување на условите за следење и изведување на наставата.

„Во моментов се работи на уредување на училишниот двор со бетонски блокови, со финансиски средства добиени од блок дотација за наменски потреби во вредност од 1.341.309,00 денари, а во централното училиште имаме изградено и парапетен ѕид со бетонски блокови, чија вредност е 94.000,00 денари.
Истовремено, во училиштето е извршена реконструкција на електричната инсталација во 24 училници, со што се зголемува безбедноста на учениците и се овозможува непречено функционирање на информатичката технологија“, истакнува Николоска.

Во училиштето се реконструирани ходниците и водоводната мрежа, а големи зафати беа преземени и во подрачното училиште во населбата Варош.

„Станува збор за објект изграден во 1920 година, во кое долго време немаше извршено санација и каде ги саниравме санитарните јазли, инвестиција вредна 789.000,00 денари. Во сите училници го сменивме подот и наместивме ламинат, поставена е нова ПВЦ дограма и спуштени тавани. Во завршна фаза е изработката на предмер пресметка за хортикултурно уредување на училишниот двор, чиј дел ќе биде и детскиот полигон, а целосно ќе биде сменета и оградата“, нагласи директорката на ООУ „Блаже Конески“, Каролина Николоска.

Николоска потенцираше дека веќе се изработени предмер пресметки за фасадата и за молерисување на сите училници во централното училиште, како и за набавка на нагледни и дидактички средства и помагала за наставниците, во насока на зајакнување на воспитно-образовниот процес. Исто така, во план е набавка на училишни клупи и столчиња, а училиштето посветува внимание и на дополнителната едукација на наставниците.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …