(Видео) Владина делегација положи цвеќе пред спомениците на партизанските гробишта во Бутел

(Видео) Владина делегација положи цвеќе пред спомениците на партизанските гробишта во Бутел

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во име на Владата и во свое име го честита 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

„Се поклонуваме на борците кои ги положија животите за пораз на фашизмот, од чиишто рушевини е изнедрена македонската државност.

Оддаваме почит и на сите кои придонесоа за големата европска идеја и изградбата на Европската Унија.

Нашата држава секогаш преку дела е на вистинската страна на историјата. Беше на бојните полиња во Втората светска војна, меѓу прогресивните антифашистички сили. Е и денес, рамо до рамо во НАТО и со државите членки на ЕУ, во одбраната на мирот.

На патот на напредокот сме – наш аманет од партизаните, нашиот македонски јазик е рамноправно признаен меѓу европските јазици и како успешен модел на мултиетничка држава, дом на сите граѓани, како што е Европа, местото на Северна Македонија е во ЕУ“, порача премиерот Ковачевски.

Владата организира свечено одбележување на 9 Мај, како значаен датум за Република Северна Македонија и за Европската Унија.

Делегација на Владата на Република Северна Македонија, во чијшто состав се заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и министерот за образование, Јетон Шаќири, положи цвеќе и оддаде почит пред спомениците на партизанските гробишта во Бутел.

На настанот, организиран со високи државни почести, во чест на загинатите борци во НОБ, положија цвеќе и оддадоа почит и делегација на Сојуз на борците од НОАВМ, делегација на Собранието на Република Северна Македонија, претставник на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, делегација на Армијата и Министерството за одбрана на Република Северна Македонија, како и делегација на Град Скопје, делегација на дипломатскиот кор, и претставници на политички партии.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми, чекориме по патот на демократските и европски вредности

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми, чекориме по патот на демократските и европски вредности

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска упати честитка до медиумите и медиумските работници по повод …