ВМРО-ДПМНЕ бара, СДСМ прифаќа пратениците да имаат само македонско државјанство

ВМРО-ДПМНЕ бара, СДСМ прифаќа пратениците да имаат само македонско државјанство

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денеска предложи измени на Законот за пратеници, со кои ќе се овозможи пратеници во Собранието на РСМ да станат единствено оние лица кои поседуваат само македонско државјанство. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека законските измени се со цел да се заштити функцијата пратеник од негативни влијанија на угледот на лицето кое ќе биде избрано на избори.

Од владејачката партија СДСМ велат дека го поддржуваат предлогот на опозицијата за тоа само лица кои имаат единствено македонско државјанство да можат да станат пратеници, но овие законски измени да важат и за сегашниот собраниски состав.

Од СДСМ предлагаат пратеници да не може да бидат и лица кои се осудувани за кражби во други држави, алудирајќи притоа на неодамнешниот скандал со пратеникот Антонио Милошоски.

Од ДУИ, како коалиционен партнер на СДСМ во актуелната влада, велат дека предложеното законско решение е дискриминаторско. Тие велат дека доколку се усвојат предложените измени од ВМРО-ДПМНЕ, потоа ќе паднат пред Уставниот суд.

И за втората по големина коалиција од албанскиот табор Алијанса на Албанците и Алтернатива посочија дека се против законските измени предложени од ВМРО-ДПМНЕ. Од Алијанса на Албанците и Алтернатива најавија дека предложените законски измени од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги блокираат со илјадници амандмани.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Прв работен ден за новата Влада – резултати или само ротација на кадри?

Прв работен ден за новата Влада – резултати или само ротација на кадри?

Новата власт, која најавува видливи резултати, економијата и животниот стандард на граѓаните ги стави меѓу …