Фотографија на денот: 27 милиони долари отштета

Фотографија на денот: 27 милиони долари отштета

Речиси една година по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицијата , градот Минеаполис постигна договор со неговите роднини. Семејниот адвокат говореше за силна порака дека „црниот живот е важен“.

Американскиот град Минеаполис се согласи да плати 27 милиони долари на семејството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен за време на апсењето, кое се откажа од судската тужба.

Градските власти во Минеаполис дискутираа за тоа на седница зад затворени врати, а нејзините членови потоа јавно гласаа и тоа едногласно.

Адвокатот на семејството Флојд изјави дека станува збор за најголема оштета за откажување од тужба пред судење и им се заблагодари на градските челници што „покажале оти се грижат за Џорџ Флојд“.

Флојд беше прогласен за мртов на 25 мај минатата година откако сега веќе поранешниот полицаец, белецот Дерек Шовин, со колено го притискал за вратот 8 минути и 46 секунди. Полицијата се обиде да го приведе Флојд поради обид да плати сметка со фалсификувана банкнота од 20 долари.

Смртта на Флојд поттикна масовни, некогаш и насилни протести во САД, а потоа и ширум светот. Семејството на Флојд поради неговата смрт во јули поднесе тужба против градот Минеаполис, Шовин и уште тројца отпуштени полицајци.

Тие во тужбата тврдеа дека полицајците ги прекршиле правата на Флојд за време на апсењето и оти градските власти овозможиле во полициската служба да цветаат прекумерна примена на сила, расизам и принцип на неказнивост.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …