Во акција на полицијата на Црна Гора и Албанија запленет кокаин вреден 40 милиони евра

Во акција на полицијата на Црна Гора и Албанија запленет кокаин вреден 40 милиони евра

Црногорската полиција соопшти дека запленила 430 килограми кокаин. Во акција на албанската и црногорската полиција и обвинителствата на тие две земји, како што се наведува во соопштението, се уапсени десет државјани на Албанија.

Вредноста на запленетата дрога е околу 40 милиони евра. Во акцијата е одземено оружје, три автомобили и околу 20.000 евра. Полицијата трага по уште лица. Оваа акција е спроведена под кодното име „Пристаниште“ во Црна Гора и „Конзистенција“ во Албанија.

Полицијата информираше дека кокаинот пристигнал на 7 јули годинава во пристаништето Бар од колумбиското пристаниште Буенавентура, на бродот „Монте Червино“, во контејнер со органско ѓубриво. Крајната дестинација на содржината на контејнерот била Албанија, додека Црна Гора е земја на транзит.

Откако црногорската полиција со помош на Управата за приходи и Царината во контејнерите открила кокаин, според соопштението, инспекторите на Секторот за борба против криминалот во соработка со црногорското обвинителство и колегите од Албанија процениле дека треба да ја чуваат пратката под надзор додека клиентот не дојде по неа.

Албанските медиуми јавуваат дека во рамките на оваа акција е откриена лабораторија за кокаин на место кај Фијер, јужно од Тирана.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Плажа

Грција со дронови во борба против пренатрупаните плажи

Целта на апликацијата и патролите со беспилотни летала е да се запре нелегалното поставување чадори …