Во акцијата на „Табановце“ уапсени командир, заменик командир и шест полицајци

Во акцијата на „Табановце“ уапсени командир, заменик командир и шест полицајци

Поради злоупотреба на службената положба во синоќешната полициска акција на граничниот премин „Табановце“ се приведени командир, заменик командир, раководител на смена и шест полицајци, изјави денска на брифинг со медиумите министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски рече дека биле извршени претреси во кабините на граничниот премин, како и во домовите на деветмината уапсени со цел да бидат пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела.

„Стратешка цел е борбата против корупцијата.Вработени во јавни установи кога преземате мерки во делот на корупцијата не може да се изземете самите себеси, една од целите е јакнење на интегритетот на полициските службеници. Тоа што вчера се случуваше е дел од тоа. Вчера имавме 9 лица уапсено, ова го работеше одделот за спречување на организиран криминал, злоупотреба на службената положба и поткуп од „Табановце““, рече Спасовски на денешниот брифинг.

Министерството за внатрешни работи (МВР) синоќа спроведе акција на македонско-српската граница во координација со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Порталот „А1он“ објави дека во акцијата биле пронајдени пари во кутии од цигари во кабините на полицајците на македонско-српската граница. Службениците кои во текот на вечерта биле однесени во Кривичниот суд, негирале вина и тврделе дека кутиите им биле подметнати.

Поради вчерашната акција на МВР и обивнителството за организиран криминал на граничниот премин „Табановце“ се создадоа километарски долги колони од двете страни на границата.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …