Во Албанија ќе профункционираат 30 летни здравствени амбуланти

Во Албанија ќе профункционираат 30 летни здравствени амбуланти

Медицинскиот персонал гарантира 24/7 здравствена заштита, а амбулантите ќе функционираат до крајот на сезоната, објави премиерот Рама

На крајбрежните и планинските туристички области во Албанија ќе бидат отворени 30 летни здравствени амбуланти, објави албанскиот премиер Еди Рама на својот профил на Фејсбук.

Тој сподели мапа на градовите каде ќе се наоѓаат овие амбуланти, кои ќе се отворат на 30 јуни.

„Летните здравствени амбуланти ќе гарантираат квалитетна здравствена заштита за туристите кои оваа летна сезона ќе ја посетат Албанија. Од Тети до Ксамил, 30-те летни здравствени амбуланти ќе нудат стандардни и професионални услуги за годишноодморците од југ до север“, напиша Рама на Фејсбук.

Медицинскиот персонал гарантира 24/7 здравствена заштита, а амбулантите ќе функционираат до крајот на сезоната, објави премиерот.

Прочитајте повеќе

„Живееме пекол“, напишаа студенти за однесувањето на Вучиќ кон мајката од Бор

„Живееме пекол“, напишаа студенти за однесувањето на Вучиќ кон мајката од Бор

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера во Бор разговараше со граѓани, вклучително и со жена …