Во Битола се одржа четвриот меѓународен натпревар по пијано „Пијанофест“

Изминатите денови, од 10 – 12 јуни во реновираниот Офицерски дом во Битола, по четврти пат се одржа Меѓународниот натпревар по пијано ПИЈАНОФЕСТ.

На натпреварот настапија осумдесетина учесници од Македонија, Албанија, Србија, Косово, Турција, Црна Гора и Бугарија.

Учесниците ги изведуваа композициите на прекрасното концертно пијано “Bosendorfer”, кое недоамна беше префрлено од битолскиот Завод и Музеј.

На натпреварот беше доделена парична награда за лауреатот, со што се дава еден вид на поддршка на младите музички таленти кои само што зачекоруваат на музичките подиуми. Оваа година, наградата и’ беше доделена на натпреварувачката од Србија, Лара Арбајтер.

Натпреварот беше во организација на здружението на пијанисти и музички педагози „ПИЈАНО“ од Битола, со поддршка од Министерството за култура и Општина Битола, а во соработка со ЈОУ Културен и Информативен центар – Битола.

Прочитајте повеќе

Жан Пјер Симеон, добитник на „Златен венец“ за 2024 година

Добитник на наградата „Златен венец“ за 2024 година, која е главната награда на „Струшките вечери …