Во чест на Тоше, ултрамаратонците по 12 пат трчаа од Нова Градишка до Крушево

Во чест на Тоше, ултрамаратонците по 12 пат трчаа од Нова Градишка до Крушево

Денес околу 13 часот во Крушево пристигнаа учесниците во ултрамаратонот, кој во чест на Тоше Проески по 12 пат се трчаше од Нова Градишка до неговиот вечен дом на Гумење. Ултрамаратонците беа пречекани од стотици граѓани на Крушево со рози во рацете, кои ги оставаа покрај патот при поминувањето на учесниците во ултрамаратонот.

Тие на Гумење беа пречекани и од градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски каде што хорот при СОУ „Наум Наумовски – Борче“ заедно со повеќемина млади љубители на песните на Тоше, изведуваа негови песни.

Во ултрамаратонот учествуваа 10 учесници, кои положија цвеќе на гробот на Тоше. Дел од настанот беа и четворица велосипедисти од Кавадарци, кои ја поминаа истата релација како и ултрамаратонците.

Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година, во близина на Нова Градишка, Хрватска.

Во ултрамаратонот учествуваа 10 учесници кои трчаа во чест на пејачот од Нова Градишка до Крушево. Дел од денешниот настан беаше и група од четворица велосипедисти кои со велосипеди ја поминаа истата релација.Во чест на Тоше, ултрамаратонците по 12 пат трчаа од Нова Градишка до Крушево

Прочитајте повеќе

Европскиот парламент го одобри Планот за раст за Западен Балкан

Европскиот парламент го одобри Планот за раст за Западен Балкан

Европскиот парламент го изгласа Планот за раст за Западен Балкан, што е досега најамбициозниот финансиски …