Во дезинфекцијата на битолската населба Баир, вклучено локалното население

Во дезинфекцијата на битолската населба Баир, вклучено локалното население

Градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска во населбата Баир ја посети улицата „Козјак“, каде на терен, со претставници од УНДП и директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски, се сретнаа со лицата ангажирани преку проектот „Креирање можности за работа на сите – Главна фаза”.

Четирите лица од ромска националност се ангажирани во тимовите за дезинфекција на јавните објекти и јавните површини во градот во рамките на ЈП „Комуналец“, како и во делот на грижа за чистотата и средување на јавните површини.

Локалното население потенцираше дека овој дел од населбата Баир, никогаш не бил почист од сега, ѓубрето и депониите се минато, а околните обраснати треви и несреденост веќе не се карактеристичен белег за изгледот на улицата „Козјак“.

Градоачалничката Наташа Петровска посочи дека формулата за успех е секогаш во активностите да биде вклучено и локалното население, кое најдобро ги познава проблемите на жителите, а истовремено, заеднички, поттикнува на поголема грижа за колективната средина на живеење. Таа рече дека ваквите активности ќе се реализираат и понатаму, од улица во улица, опфаќајќи сè поголеми делови од оваа населба.

Во рамките на реализација на проектот, екипа на УНДП на терен ги регистрираше активностите во рамките на реализација на проектот. Општина Битола е дел од програмата за  финансиска поддршка на невработено лице  вклучено во активности, каде партенр е УНДП, кој обезбедува поддршка во рамките на мерката 6.2 Јавни Работи – СДЦ Компонента  преку проектот и поддршка на Владата во спроведување на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување  и услуги на пазарот на труд за 2020 година.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …