Во февруари пристигнуваат првите 5.850 вакцини на „Фајзер“ против ковид-19

Во февруари пристигнуваат првите 5.850 вакцини на „Фајзер“ против ковид-19

Република Северна Македонија ќе добие 800.000 вакцини против ковид-19 од производителот „Фајзер“, а првите дози ќе пристигнат во февруари, информираат од Министерството за здравство и додаваат дека министерот за здравство Венко Филипче, во директни преговори со овој производител, обезбедил вакцини за цела 2021 година.

„Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата, производител на вакцини против ковид-19. Првите 5.850 дози вакцини на „Фајзер“ ќе стигнат во февраури, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди“, соопштија од Министерството за здравство.

РСМ навремено почна со подготовките за вакцинација против ковид-19 и постоечката функционална здравствена инфраструктура, каде досега се врши вакцинација за други болести, е подготвена за имунизација против корона.

Вакцините на „Фајзер“ се чуваат во фрижидери на мунус 70 степени целзиусови, а тие во нашата земја ќе пристигнат месецов. Регулаторните медицински агенции, европската ЕМА и американската ФДА веќе имаат дадено одобрение за вакцината на Фајзер.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Ескобар: Добивме уверување од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе останат посветени на европскиот пат

Ескобар: Добивме уверување од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе останат посветени на европскиот пат

Очекуваме дека Северна Македонија ќе продолжи по европскиот пат, кажа заменик-помошникот секретар на САД во …