“Стоп за дезинформации” ја најавува засиленета борбата против лажните вести како приоритет во “Акција 21”

“Стоп за дезинформации” ја најавува засиленета борбата против лажните вести како приоритет во “Акција 21”

Соопштение за јавност

СДСМ како одговорна партија којашто работи во интерес на граѓаните и државата, става акцент на сериозна борба против дезинформациите и лажните вести, кои се и врамени во владината стратешка рамка “Акција 21”.

“Стоп за дезинформациите”, е еден од десетте приоритети на кои Владата предводена од СДСМ сериозно ќе се посвети оваа 2021.

Во рамки на Планот за одлучна акција против ширењето на дезинформациите и против нападите врз демократијата, во периодот што следи ќе има засилени активности, широки консултации со медиумските работници и со граѓанскиот сектор, и уште посериозна, поинтенивна борба со дезинформациите, со говорот на омраза и сите други форми на хибридни закани против демократијата.

Со овој План изработен е и протокол за кризни комуникации помеѓу централниот владин комуникациски сервис и министерствата, којшто за време на ковид кризата изминатата година, значително придонесе во сузбивањето на лажните вести кои во огромен број беа пласиран преку медиуми со сомнително финансирање и блиски до опозициската ВМРО-ДПМНЕ .

Такви тенденции се препознаваат и денес со вестите поврзани за вакцината против КОВИД-19, се со цел да се предизвика недоверба кај граѓаните, несигурност и паника и да ги обезвреднат силните напори на институциите и лекарите во борбата против пандемијата.

Ваквите обиди ќе се разобличуваат како дезинформации во соработка со факт чекерите, а на медиумите ќе им се обезбеди најтранспарентен пристап до релевантни извори и информации , со цел креирање објективни медиумски содржини кои се од јавен интерес.

Граѓаните мора целосно точно и навремено да бидат информирани за начините на заштита од КОВИД, вклучително и за процесот на вакцинација.

Лажните вести мора да се препознаат, да се разобличат и да се сузбијат и токму затоа исклучително важна е образовната реформа за воведување на медиумска и дигитална писменост во основното образование.

Завршена е и процедурата за усогласување на Меморандум за соработка на нашето Министерство за одбрана со НАТО на полето на сајбер одбраната којашто ќе овозможи координирана реакција на сојузниците во случај на сајбер напади.

Целосно посветени, Северна Македонија ќе биде лидер во изнаоѓањето на решенија и заедно со партнерите од ЕУ и НАТО, соодветно ќе возврати на оваа штетна појава.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме (Видео)

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме (Видео)

Со испраќање на порака за здружување на силите на патот кон Европската Унија, Социјалдемократскиот Сојуз …