цук пожари

Во изминатото деноноќие регистрирани 22 пожари на отворено, осум сè уште се активни

Вкупно 22 пожари на отворено биле евидентирани во последното деноноќие, а од нив утрово се активни осум пожари, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарот над село Селце, кој гори од четвртокот, 11 април, сè уште е активен и покрај тоа што денеска на терен гаснеле два хеликоптери од МВР и  ренџерите од Национален парк “Шар Планина“ со 10 луѓе, како и четири пожарникари од ТППЕ-Тетово. Опасност за соседното селото Лавце нема, велат од ЦУК, а пожарот е далеку и од други објекти или населени места.

Хеликоптерите престанаа со гасење по 16.00 часот, а и повеќето од луѓето беа повлечени. На терен останаа дежурни неколку ренџери од Национален парк „Шар Планина“ кои дежураат за секој случај. Во текот на денешниот ден повторно екипите од утрово интервенираат.

Активни пожари има во селото Гургурница (Општина Брвеница), помеѓу селата Сретково и Церово, кај одморалиштето „Бунец“ (Општина Маврово – Ростуше), а и кај селото Горјане (Општина Врапчиште).

ЦУК информираше и дека вчера околу 11 часот добиле пријава за пожарот во месноста „Темна Бука“, кон Китка, Кадина река 2 во Општина Студеничани каде што горела многу високостеблеста борова шума.

Сè уште е активен и пожарот над селото Острец, на Баба Планина што започна во неделата во 7 часот. Пожарот е на непристапен терен и пожарникарите не биле во  можност да интервенираат. Гори сува трева, лисја и гранки, но нема опасност по населени места и Националниот парк „Пелистер“.

Вчеравечер во 23 часот избувнал пожар на отворен простор кај селото Горно Јаболчиште во Општина Чашка каде што гори букова шума.

Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, редовно да се чистат локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …