Во клубот на пратеници, нова средба на Заев и Гаши

Во клубот на пратеници, нова средба на Заев и Гаши

Денеска во 14 часот во Клубот на пратеници во Скопје ќе се одржи нова средба на премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши на која ќе се разговара за вклучување на партијата во Владата и зголемување на парламентарното мнозинство.

Одржувањето на средбата го потврдија и од Владата и од Алтернатива.

Заев и Гаши имаа средба во понеделникот, кога начелно бил договорен програмскиот дел од можната идна соработка на Алтернатива во Владата и беше најавено дека по консултациите во двете партии, СДСМ и Алтернатива, ќе следи и нова работна средба со тимовите.

На средбата, премиерот Заев беше придружуван од заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски, а лидерот на Алтернатива Гаши од генералниот секретар на Алтернатива, Беким Сали.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …