Во Кочани, Неготино, Кавадарци и скопска Кисела Вода ќе се градат нови градинки

Во Кочани, Неготино, Кавадарци и скопска Кисела Вода ќе се градат нови градинки

Кочани, Неготино, Кавадарци и скопската Кисела Вода се првите четири општини од вкупно 17 во коишто ќе се градат нови градинки со грант од Светската банка. Само за градежните работи на овие објекти ќе се издвојат 220,7 милиони денари (3,58 милиони евра), информираат од Министерството за труд и социјална политика. Вкупниот капацитет на градинките е 552 деца, и се очекува да бидат изградени и опремени до средината на 2021 година.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, градоначалниците Николчо Илијев, Тони Делков, Филип Темелковски и Тодор Ефремов, овластен претставник на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, денеска ги потпишаа договорите за доделување на неповратните средства за изградба на новите градинки во четирите општини.

– Нашата цел е само со поддршката од Светска банка до јуни 2024 година да обезбедиме 7.500 нови места во градинките. Истовремено работиме на подготовка на проекти за останатите 13 апликации кои се избрани на првиот јавен повик, и во следните неколку месеци очекуваме и со овие општини да потпишеме договори за грант – изјави министерката Царовска.

Со средствата обезбедени од ова министерство, во тек е изградба и опремување на уште 12 објекти низ неколку општини. Во периодот од мај 2017 до мај 2019 година е вложено во изградба, реконструкција и опремување на вкупно 31 објект за детска заштита низ земјава. Следниот јавен повик за доделување грантови на општините за изградба на нови градинки ќе биде распишан во средината на наредната година.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Тренчевска

Тренчевска: Од денес во СДСМ нека настапат oние неизвалканите од претходните функционери

Од партиските структури се повлекувам целосно одговорно и самосвесно, со сигурност дека не сум ја …