Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е повикана да даде исказ за предметот „Рекет“ во обвинителството во вторник, во 10 часот, потврдија од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција со кое раководи обвинителката Вилма Русковска. Сведочењето на Катица Јанева следува неколку дена по објавувањето на снимените разговори од италијанскиот весник „Ла Верита“, во кои се слушна нејзиниот глас заедно со оној на Боки 13.
Денеска во Основното јавно обвинителство дојде да даде исказ обвинителот на СЈО, Бурим Рустеми, кој го води случајот „Поштенска банка“. Тој е повикан да сведочи за предметот „Рекет“, во кој Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески заедно се сомничат за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“, а Боки 13 се сомничи и за кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.
Изминатава недела за предметот „Рекет“ веќе дадоа исказ два други обвинители на СЈО – Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска.
Извор: МЕТА