Во ковид центрите се лекуваат 422 пациенти, има 470 слободни кревети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава е 422 и има околу 470 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство, според податоците во последните 24 часа.

Во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 253 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти, во Штип 28, на инфективното одделение во Тетово има 8 болни, во Велес 31, а во Куманово 43 пациенти. Во ковид центарот во Охрид се на лекување 30 пациенти, во Прилеп 17, во Гостивар 8, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 17 болни, во Кочани 7, во Кичево 6, во Кавадарци 7, а во Гевгелија 3 лица.

„Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти, а во текот на денот се прават и исписи на оздравени, со што ќе се ослободат дополнителни легла. Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, соопштија од ова министерство.

Во последното деноноќие во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 15 нови пациенти, а вкупно 169 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија.

На Интерните клиники имало едем прием, во ГОБ „8 Септември“ се примени 10 пациенти, а 4 на Клиниката за инфективни болести.

Дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Во моментов на Интерните клиники се лекуваат 35 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 62 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 72 пациента.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 130 слободни места.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …