Во Крушево ќе се отвори спомен-соба на Васил Иљоски

Во Крушево ќе се отвори спомен-соба на Васил Иљоски

Советот на општина Крушево донесе одлука за отворање на спомен-соба на Васил Иљоски, која ќе биде сместена во горната училишна зграда.

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски оствари комуникација со семејството на познатиот драматург од Крушево, врз основа на што голем број лични предмети од Иљоски и’ се отстапени на општина Крушево.

Васил Иљоски е познат драматург, писател и есеист чии дела се меѓу првите на македонски дијалект. Роден во Крушево во 1902 година, а отворањето на спомен-соба е со цел да се потенцита и зачува неговото наследство.

Со спомен-собата ќе раководи Домот на култура „Наум Наумовски Борче“, со асистенција на Здружението за угостителство и туризам и здружението „Хумани односи“.

Прочитајте повеќе

Support Kocani: Обезбедени медицински креми од 1 милион денари за настраданите од пожарот

Support Kocani: Обезбедени медицински креми од 1 милион денари за настраданите од пожарот

Граѓанската иницијатива Support Kocani продолжува со својата континуирана хумана мисија за помош на лицата кои …