Во Крушево се отвора пункт за тестирање за Ковид-19

Во Крушево се отвора пункт за тестирање за Ковид-19

Здравствениот дом во Крушево ќе започне со тестирањеза Ковид-19, благодарение на тестовите обезбедени преку Министерство за здравство.

Крушевскиот Здравствен дом денеска објави дека за многу скоро ќе се започне со тестирање, а граѓаните ќе можат да закажуваат тестирање преку матичните лекари.

„Благодарение на донацијата од Министерството за здравство, во најскоро време ЈЗУ Здравствен дом Крушево ќе врши тестирања за Ковид-19. Тестирањата ќе се прават преку ‘Мој термин’ со закажување од матичниот лекар“, велат од Здравствениот дом.

За градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски, ова е уште еден важен чекор во насока на справување со вирусот.

„Министерството за здравство овозможува тестирање и во Крушево. Со тоа, сите граѓани на општина Крушево ќе имаат во секое време термини за тестирање и нема да мора да одат во соседните општини за да се тестираат. Овој чекор сериозно ќе ја олесни работата на матичните лекари, Здравствениот дом и ќе им се олесни на граѓаните во ситуацијата кога се сомневаат и покажуваат симптоми на коронавирус“, вели градоначалникот Христоски.

Прочитајте повеќе

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Денеска пред Управата за јавни приходи  (УЈП) наместо студентски протест, се одржа протест на десетина …