Владата денеска ја одржува редовната 28 седница

Владата денеска ја одржува редовната 28 седница

Владата на Република Северна Македонија, денеска, со почеток во 15:00 часот, ќе ја одржи редовната 28 седница.

Според дневниот ред, на предлог на Министерството за локална самоуправа, Владата ќе ги разгледа Предлог-законот за рамномерен регионален развој и Предлог-стратегијата за регионален развој 2020 – 2030 година.

Во рамки на денешната седница, на која ќе се разгледуваат повеќе прашања од интерес на граѓаните и од владината програма, министрите ќе ја разгледаат и Предлог-одлуката за предвремена примена на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, на предлог на Министерството за надворешни работи.

Прочитајте повеќе

Утре поради протест посебен режим на сообраќај во Скопје

Утре поради протест посебен режим на сообраќај во Скопје

Утре поради протест ќе има посебен режим на сообраќај во Скопје. „На 14.03.2026 во 12:05 …