Во недела боево гаѓање на стрелиштето „Леково“

Во недела боево гаѓање на стрелиштето „Леково“

Полициската станица од општа надлежност – Прилеп, им соопштува на граѓаните од општина Прилеп дека согласно годишната програма, во недела, први ноември во периодот од 09 до 15 часот, на стрелиштето „Леково“ ќе се врши боево гаѓање.

Посебно се известуваат граѓаните кои собираат лековити билки и сточарите од околните населени места, за да не дојде до несакани последици, во посочениот временски период да не собираат билки и да не ја напасуваат стоката на стрелиштето или во неговата близина.

Прочитајте повеќе

Судење: Одбраната негира градежни пропусти за „Пулс“

Судење: Одбраната негира градежни пропусти за „Пулс“

На денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, одбраната на обвинетите градежни инспектори истакна дека …