Во ОН гласање за суспендирање на Русија од Советот за човекови права

Во ОН гласање за суспендирање на Русија од Советот за човекови права

193-членото Генерално собрание на ОН денеска ќе гласа за обидот на САД да ја суспендира Русија од Советот за човекови права на ОН со седиште во Женева, соопштија дипломатите. Двотретинско мнозинство од членовите на Генералното собрание во Њујорк со право на глас може да суспендира некоја земја поради извршување на грубо и систематско кршење на човековите права. Русија е во својата втора година од тригодишниот мандат во 47-члениот Совет за човекови права. Соединетите држави бараат суспензија на Русија од Советот за човекови права на ОН, по извештаите дека руските сили убиле десетици цивили во украинскиот град Буча.

Предлогот за отстранување може да се заснова ако се утврди дека една земја упорно врши грубо и систематско кршење на човековите права за време на нејзиното членство. „Учеството на Русија во Советот за човекови права е фарса“, изјави деновиве американската амбасадорка во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд за време на нејзината посета во Букурешт каде што разговараше за масовниот прилив на бегалци од Украина.

Русија ги предупреди земјите во Обединетите нации дека гласањето „за“ или „воздржано“ за американскиот притисок да ја суспендира Москва од Советот за човекови права ќе се смета за „непријателски гест“ со последици за билатералните врски.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Јужна Кореја: Опозицијата бара импичмент на претседателот

Јужна Кореја: Опозицијата бара импичмент на претседателот

Јужнокорејскиот претседател Јун воведе воена состојба во земјата поради блокада на буџетот, која траеше неколку …