Инаку, железничкиот сообраќај меѓу Скопје и Битола е во прекин од саботата, кога во пожарите што го зафатија Пелагонискиот регион изгореа на неколку локации дрвени прагови од пругата. Превозот беше прекинат откако се појави пожарот во делот на пругата меѓу Богомила и Прилеп, а претходно имаше пожар и на пругата меѓу Прилеп и Битола
Железничкиот сообраќај на пругата Велес-Битола е во прекин поради пожарите во Пелагонискиот регион, кои уништиле околу 1.000 прагови од пругата на повеќе локации, информираат денеска од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ-Инфраструктура.
„Стручните служби на ЖРСМ Инфраструктура работат интензивно на терен за отстранување на дефектот и оспособување на сообраќајот. Поради овие причини сообраќајот на релацијата Скопје-Битола-Скопје ќе биде во прекин од денеска па сè до оспособување на пругата за одвивање на безбеден сообраќај“, информираат од ова јавно претпријатие.
Инаку, железничкиот сообраќај меѓу Скопје и Битола е во прекин од саботата, кога во пожарите што го зафатија Пелагонискиот регион изгореа на неколку локации дрвени прагови од пругата. Превозот беше прекинат откако се појави пожарот во делот на пругата меѓу Богомила и Прилеп, а претходно имаше пожар и на пругата меѓу Прилеп и Битола.