Во Прилеп 9 активни случаи на ковид-19, две лица се хоспитализирани
28.07.2021
Македонија
- Од Центарот за јавно здравје информираат дека заклучно со вчерашниот ден, вторник 27 јули, во општина Прилеп има 9 случаи на Ковид-19;
- На домашно лекување се наоѓаат 7 лица, а две лица се хоспитализирани;
- Нема починати од последици на коронавирус;
- Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 8.336;
- Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 426 лицa.