пожар пожари

Во прилепскиот регион состојбата со пожарите сеуште нестабилна

„Општинскиот кризен штаб е во постојана комуникација со Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и со командирот на ТППЕ кој управува со сите единици со армијата, со припадниците на Македонски шуми и јавните комунални претпријатија“, истакна градоначалникот Илија Јованоски во денешната изјава за медиумите.

„Во овој момент можам да кажам дека пожарот што беше на потегот кај Топлица е локализиран и за среќа регионалниот пат Прилеп- Градско е прооден. Повремено се појавува пожар околу селата Топлица и Ракле, но теренските екипи го гаснат. Како проблем го гледам пожарот кај Смолани, каде гори нискостеблеста шума и многу блиску е до боровата шума и во зависнот од силината на ветрот, може да се случи да го зафати и тој дел. Токму затоа побаравме воздушна поддршка. Разговарав со директорот на Центарот за управување со кризи и ми беше кажано дека во овој момент не се во можност да обезбедат воздушна поддршка, од причина што заради огнената стихија, градовите Делчево и Пехчево имаат поголема потреба од воздушна поддршка“, изјави Јованоски.

Градоначалникот Јованоски посочи дека во моментот се приклучуваат и луѓе кои ќе можат да гаснат пожар со грбни пумпи, а исто така барањето упатено до Центарот за управување со кризи останува отворено.

Прочитајте повеќе

Илјадници вработени останаа без плата за Велигден, Владата мува не ја лази

Илјадници вработени останаа без плата за Велигден, Владата мува не ја лази

Соопштение за јавност на СДСМ Наместо вработените во низа институции да слават достоинствено Велигден, тие …