Во првиот квартал, извозот од ТИРЗ зголемен за 67 отсто во однос на лани

Во првиот квартал, извозот од ТИРЗ зголемен за 67 отсто во однос на лани

Растот во технолошко индустриските развојни зони продолжува и во месец април, со зголемен раст на извозот и увозот и стабилни работни места, покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ.

„Извозните активности во зоните во април достигнаа 279 милиони евра, што е за 7 отсто повеќе споредено со март годинава. Дополнително, извозот во првите четири месеци од годинава изнесува 1 милијарда и 55 милиони евра и е за 67 отсто зголемен во однос на истиот период лани односно речиси 27 отсто во однос на 2018 година. Компаниите активни во зоните и понатаму остануваат носители на извозот во земјава со учество од речиси 47 отсто во вкупниот извоз. Ова покажува дека иако овие компании беа најпогодени од кризата, демонстрираа висок потенцијал за брзо опоравување, што се должи и на таргетираните мерки и механизми за поддршка од ТИРЗ и државата,“ се вели во соопштението.

Во однос на увозот, во првите четири месеци од 2021 вкупниот увоз изнесува над 1 милијарда евра и е за 85 отсто зголемен во однос на истиот период лани односно 37 отсто во однос на 2018 година.

„Само во април увозот во зоните достигна 318 милиони евра што е за 23,6 отсто повеќе споредено со март. Трендот на раст на увозот е поврзан и со зголемената инвестициска активност во зоните. Само во првите четири месеци од годинава се потпишани договори со пет компании чии вкупни инвестиции треба да достигнат над 65 милиони евра.Поради ваквиот тренд покриеноста на увозот со извозот е речиси изедначена. Во април 2021 нето извозот е во незначителна позитива од 0,10 проценти, додека на државно ниво за првиот квартал овој однос е -24 проценти,“ се додава во соопштението.

Во него, исто така се вели дека редовната месечна анализа на Дирекцијата за ТИРЗ за април покажува дека бројот на вработени во зоните останува стабилен. Во овие компании работат околу 14.000 лица, а во дел од нив веќе се спроведуваат процедури за отворање нови работни места.

Од ТИРЗ очекуваат ваквиот позитивен тренд да продолжи и во следниот период, имајќи ги предвид најавите дека веќе преговарале со над 20 компании за обем на инвестиции над 300 милиони евра и отворање на нови 5.500 работни места.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …