Во рамки на европската недела на спортот, во Прилеп одржана презентација на џудото

Во рамки на европската недела на спортот, во Прилеп одржана презентација на џудото

Во организација на Агенцијата за млади и спорт и џудо клубот „Сеишин“, а по повод европската недела на спортот, денеска на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ во Прилеп се одржа презентација на џудо спортот.

Градоначалникот Илија Јованоски, рече дека локалната самоуправа секогаш ќе биде на страната на спортистите и ќе ги помага спортските клубови од општина Прилеп.

Во рамки на европската недела на спортот, во Прилеп одржана презентација на џудото„Како локална самоуправа и јас како градоначалник, секогаш ќе го поддржуваме било кој спорт, меѓу кои и џудото. Секогаш ќе бидеме заинтересирани да им помогнеме и финансиски и да им дадеме било каква поддршка на сите наши клубови и спортисти, како досега така и во иднина“, изјави градоначалникот Јованоски.

Претседателот на џудо клубот „Сеишин“, Дејан Ширкоски, истакна дека презентацијата се организира со помош на Општина Прилеп и Агенцијата за млади и спорт, која е технички покровител на настанот.

Во рамки на европската недела на спортот, во Прилеп одржана презентација на џудото„Во европската недела на спортот која се организира под мотото ‘Биди активен’, нашиот клуб зеде активно учество со кратка презентација. Џудото во Прилеп е меѓу најпопуларните спортови. Во градот има 5 клубови, а во нашиот клуб „Сеишин“ членуваат 80 натпреварувачи до 18 годишна возраст и 20 возрасни членови, а исто така имаме и една група од 16 ветерани над 50 годишна возраст“, потенцираше Ширкоски.

Џудо клубот „Сеишин“ одбележува 15 години од своето постоење и во тој период има освоено голем број награди на разни домашни и меѓународни натпреварувања.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …