Во реконструираната Влада, Заев со двојна функција - премиер и министер за финансии

Во реконструираната Влада, Заев со двојна функција – премиер и министер за финансии

Премиерот Зоран Заев денеска до Собранието го достави предлогот за реконструкција на Владата. Во реконструираната Влада, покрај премиерската, Заев ќе ја извршува и функцијата министер за финансии.

„Обврската за министер за финансии, покрај премиерската функција ќе ја вршам одреден период. Оваа одлука ја донесов заради тоа што оваа година ќе биде година за економијата. Тевдовски ќе работи околу мене, како советник. Следуваат храбри одлуки од кои бенефит ќе имаат сите граѓани“, изјави Заев.

за нови министри предложени се Трајан Димковски за земјоделство, шумарство и водостопанство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …