Во Сибир измерени -58 степени Целзиусови

Во Сибир измерени -58 степени Целзиусови

Арктичкото време зафати делови од Русија, а температурата во дивината на Сибир се спушти до минус 58 степени Целзиусови, објавија метеоролозите.

Јакутск, еден од најстудените градови во светот, кој се наоѓа на околу 5 000 километри источно од Москва, е покриен со ледени облаци и магла, покажуваат снимките од дронови, пренесува Ројтерс.

Температурата во делови од Република Саха, огромен регион малку помал од Индија, кој се наоѓа во североисточниот дел на Сибир, синоќа се спушти под минус 55 степени Целзиусови.

На пазарот во Јакутск, рибата се продава на пазарот длабоко замрзната, спакувана во десетици кутии. Замрзнувач не е потребен, а продавачките се завиткани во големи крзнени капи.

“Студено е. Треба само да имаш соодветна, квалитетна облека и тогаш се ќе биде во ред. Главната работа е да се движиш, за да ти циркулира крвта”, рекол локален жител кој се претставил како Пјотр.

Во Ојмјакон, населба во Саха, денеска е минус 58 степени. Метеоролозите велат дека реалното чувство ќе биде минус 63 степени со оглед на влажноста и ветерот.

Прочитајте повеќе

САД: Уапсени двајца водачи на картелот Синалоа

САД: Уапсени двајца водачи на картелот Синалоа

Картелот Синалоа се смета за една од најмоќните и најнасилните организации за трговија со дрога …