Израел започна офанзива во јужниот дел на Газа

Израел започна офанзива во јужниот дел на Газа

Сателитските снимки анализирани од агенцијата АП во вторникот покажуваат дека израелската армија започнала копнена офанзива во јужните делови на Појасот Газа во војната против Хамас.

По истекот на привремениот прекин на огнот и размената на заложниците кои Хамас ги држеше со Палестинците во израелските затвори, израелската армија започна тешки бомбардирања и копнени судири на југот на Појасот Газа.

Снимка објавена од Planet Labs PBS го дава првиот јасен увид на интензитетот и обемот на борбата.

Снимките од неделата покажаа израелски тенкови и оклопни транспортери на само шест километри северно од центарот на Кан Јунис, главниот град во јужниот дел на Појасот Газа.

Координаторката на ОН за палестинските територии, Лин Хестингс, рече дека „никаде во Газа не е безбедно“ и дека „нема каде на друго место да се оди“.

„Можно е наскоро да се развие уште попеколно сценарио на кое хуманитарните акции можеби нема да можат да одговорат“, предупреди таа.

Откако прекинот на огнот заврши во петокот, израелскиот притисок врз јужниот дел на Газа принуди десетици илјади луѓе таму на „сè повеќе збиени простори, во очајна потрага по храна, вода, засолниште и безбедност“, рече Хестингс.

Многу жители на Газа веќе побегнаа на југ од северот на Појасот Газа поради осумнеделната војна. ОН соопштија дека околу 80 отсто од 2,3 милиони жители на Газа се раселени.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Германија: Забрана на АфД? Повикот е сѐ погласен

Германија: Забрана на АфД? Повикот е сѐ погласен

Алтернатива за Германија триумфираше на три покраински избори, предизвикува превирања во парламентот на Тирингија и …